Пет месеци откако се пензионираше, американскиот голман Тим Хауард (40) ќе се врати на терените за да игра за Мемфис 901.
Хауард е ко-сопственик и спортски директор на Мемфис кој се натпреварува во Јунајтед Сокер Лигата (УСЛ), тоа е еден ранг подоле од МЛС.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Откако се повлеков порасна мојата опсесија за фудбал. Се уште имам желба да победувам. Сакам да играм фудбал и ми се пружи нова шанса да застанам помеѓу стативите“, изјави поранешниот голман на Евертон и Манчестер Јунајтед.
Хауард од 2003 до 2016 година одигра 491 натпревар за Манчестер Јунајтед и Евертон. Голот на репрезентацијата на Англија го бранеше на 121 натпревар.