Tимот на Лос Анџелес Лејкерс обезбеди пласман во полуфиналето на Западната конференција од НБА лигата откако на свој терен го совладаа Мемфис со убедливи 125:85 за вкупни 4:2 во плеј-оф серијата.
Лејкерс во следната рунда ќе игра против подобриот од мечот Сакраменто – Голден Стејт. Со ова Лејкерс станаа само шестиот тим во историјата кој како седми го елиминирале вториот на стартот од плеј-офот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е веќе второ изненадување во плеј-офот, уште поголемо претходно приреди Мајами кој како осми тим го елиминираше Милвоки кој беше најдобрата екипа во регуларниот дел. Сепак, победата од 40 поени разлика е најголема за еден седми носител против втор.
Предводени Лејкерс беа од Леброн Џејмс кој постигна 22 поени, Дејвис додаде 16 со 14 скока, додека кај Мемфис Санти Алдама постигна 16, а Бејн 15.
Шампионот Голден Стејт се мачи против Сакраменто и ќе мора да игра мајсотрка. Вориорс не го искористи домашниот терен и беше поразен со 99:118, сега во серијата е 3:3. Стеф Кари со 29 поени беше најфикасниот кај Голден Стејт, Монк на спротивната страна постигна 28.