Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт ќе игра конференциско финале, Бостон го доби Милвоки за мајсторка! 🎥

Голден Стејт ќе игра конференциско финале, Бостон го доби Милвоки за мајсторка! 🎥

Голден Стејт Вориорс ќе игра во конференциското финале на западната конференција во НБА лигата откако вчера славеше против Мемфис со 110:96 и на тој начин ги постави конечните 4:2 во оваа серија.

Најефикасен во редовите на Вориорси беше Клеј Томпсон со 30 поени, Стеф Кари постигна еден помалку. Девин Брук во редовите на поразениот тим исто така уфрли 30 поени. Клучен период од натпреварот беше последната четвртина која Голден Стејт ја доби со 32:19.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серијата помеѓу Милвоки и Бостон ќе се решава во мајсторка откако вчера Селтикси славеа на гости со 95:108. Со овој триумф тие изедначија на 3:3.

Предводник на Бостон беше Џејсон Татум со 46 поени и 20 скока, а на спротивната страна Јанис Антетокумпо уфрли 44 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…