Тиаго Силва минатото лето пристигна во Челзи и веднаш се етаблираше во клучна фигура во одбраната на „сините“.
Бразилецот потпиша договор на една година, но Челзи има опција да го продолжи договорот на уште една сезона.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Тиаго Силва не ја крие желбата да остане уште една сезона во Челзи и да биде во форма за Светското првенство во Катар во 2022 година.
„Се надевам да продолжам да играм на ова ниво. Сакам да играм на високо ниво и да си обезбедам место во репрезентацијата за Светкото првенство. Томас Тухел врши одлична работа во Челзи и се надевам дека ќе останам тука и следната сезона“, изјави Тиаго Силва.