Дома Фудбал Останато Тиаго Силва: Нејмар направи грешки, но среќни сме што остана!

Тиаго Силва: Нејмар направи грешки, но среќни сме што остана!

Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва е среќен што неговиот сонародник Нејмар остана во францускиот клуб.

Во летниот преоден рок Нејмар беше главна тема бидејќи сакаше да го напушти клубот и да се врати во Барселона, но на крајот сепак остана на „Паркот на Принцовите“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Тој знае дека направи грешки, меѓутоа немаше лоши намери, тој е неверојатно момче. Се надевам дека ќе има одлична сезона, ќе биде незаборавно бидејќи ПСЖ воедно ќе прослави и 50 години“, изјави Тиаго Силва.

„Тренерот секогап велеше дека смета на Нејмар, сите веруваме во него. Многу сме среќни што Нејмар остана во тимот. Имаше тежок периот се надевам дека ова ќе биде негова сезона“, додаде искусниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…