Дома Фудбал Репрезентации Тешко дека Адеми ќе игра во четврток, Тотре дополнително повикан

Тешко дека Адеми ќе игра во четврток, Тотре дополнително повикан

Најверојатно во натпреварот во четврток против Грузија ќе бидеме без Арјан Адеми.

Адеми се повреди за викендот на загревањето пред натпреварот на Динамо Загреб против Истра. Фудбалерот беше повикан и допатува во Скопје каде што му беа направени дополнителни прегледи на кои е потврдено дека станува збор за парцијална руптура на предната ложа. Шансите да настапи се минимални.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Адеми ќе патува Грузија и ќе се чека до последен момент, меѓутоа Ангеловски повика дополнително уште еден фудбалер, Енур Тотре од Шкендија.

Репрезентативците денес ќе тренираат во тренинг центарот „Петар Милошевски“, а утре ќе патуваат за Тблиси. Против Грузија играме во четврток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пред неколку месеци стана полнолетен, а вчера против Реал Мадрид – издоминира!

Фудбалерите на Арсенал со сјајна претстава на Емирејтс го совладаа Реал Мадрид со 3:0 на п…