Дома Фудбал Тешки зборови од агентот на Бејл: Реал треба да бакнува земјата по која Бејл газел

Тешки зборови од агентот на Бејл: Реал треба да бакнува земјата по која Бејл газел

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл пред неколку дена како позајмен играч го засили Тотенхем.

Многу внимание во последно време привлекуваше статусот на Бејл во Реал Мадрид, а сега откако се заврши позајмицата во Тотенхем се огласи неговиот агент. Џонатан Барнет не штедеше критики за управата на клубот, а според неговата изјава враќањето во Мадрид изгледа како невозмжна мисија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Имаше тука се. Клубот не се однесуваше добро кон него. Мислам дека поради она што го направи за Реал заслужи подобар третман. Всушност поради се што направи Реал треба да ја бакнува земјата по која Бејл газел“, порача Барнет.

Потоа зборуваше за Тотенхем.

„Претседателот Даниел Леви долго време беше заинтересиран за доведување на Герет, но секогаш се појавуваше некој проблем. Сега беше вистинско време се да за се заврши. Бејл го сака Тотенхем, тие беа и првиот клуб кој повлекоа потег. Затоа и потпиша за Тотенхен, иако повеќе клубови го сакаа во своите редови. Јас не сакам тој да се врати во Реал“, изјави Барнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…