Дома Фудбал Тер Штеген има неверојатна статистика! (ФОТО)

Тер Штеген има неверојатна статистика! (ФОТО)

Аргентинскиот волшебник Лионел Меси секогаш е нагласуван како човек кој е најзаслужен за победите и добрите резултати на Барселона и секако дека не можеме за оние луѓе кои ќе го кажат ова да кажеме дека грешат.

Меѓутоа уште еден човек е и тоа како заслужен за резултатите на каталонскиот клуб, а тоа е голманот Марк Андре Тер Штеген.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Вчера Барселона одигра 0:0 против Атлетик Билбао во натпревар во кој во финишот беа во подредена улога. Ињаки Вилијамс имаше една 100% шанса меѓутоа Тер Штеген запиша една чудесна интервенција.

Тер Штеген беше играч на натпреварот, а во каква форма брани говори следниот податок. Имено, Германецот одбранил неверојатни 30 од последните 34 директни удари кон неговиот гол во Ла Лига.

Навистина податок кој заслужува почит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова информација од Шпанија: Модриќ отпишан во Мадрид

Според информациите објавени од угледниот новинар Мигел Анхел Дијаз од радиостаницата Копе…