Дома Фудбал Англија Тепачка на тренинг во Арсенал, настрадал Себаљос

Тепачка на тренинг во Арсенал, настрадал Себаљос

Англиските медиуми пренесуваат дека на денешниот тренинг на Арсенал се случил голем скандал.

Англиски „Атлетик“ вечерва објави дека на тренинг на Арсенал дошло до жестока тепачка во која учествувале Давид Луиз и Дани Себаљос.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Луис бил нервозен поради еден прекршок кој го направил Себаљос и одлучил да се пресмета со него. Шпанецот одговорил на провокациите од Бразилецот, а тогаш Луиз го удрил во носот.

„Атлетик“ пишува дека Себаљос завршил на земја и од носот почнало да тече крв. После тоа реагирале соиграчите кои спречиле дополнителен инцидент, а лекарскиот тим му укажале помош на Себаљос.

Сигурно дека лондонскиот клуб ќе ги казни актерите во овој инцидент, а како што стојат работите најлошо ќе помине Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто првпат се случува во историјата: Татко и син во различни клубови добија откази во ист ден

Необична приказна пристига од грчката Суперлига! За првпат во историјата, татко и син доби…