Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот со искусен напаѓач.




Тен Хаг сака да се ослободи од Роналдо и да донесе робусен напаѓач, а прва мета е напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Србинот треба да биде замена за Роналдо во нападот, зашто Португалецот е на излезна врата од „Олд Трафорд“.




Митровиќ игра уште една фантастична сезона и до сега постигна 9 гола на 12 настапи.
Меѓутоа, Фулам сигурно нема лесно да се откаже од својата прва ѕвезда, па Јунајтед ќе треба добро да го одврзе ќесето.