Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да му даде уште една шанса на Антони Марсијал во новата сезона, пренесуваат медиумите на Островот.
Првично, „црвените ѓаволи“ планираа да се разделат со Французинот и да го купат Дарвин Нуњез, но Уругваецот се пресели во Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Недостигот на друга алтернатива, како и можноста за заминување на Роналдо, го натераа тренерот Тен Хаг да ја промени одлуката.
26-годишниот Французин, кој изминатите шест месеци ги мина на позајмица во Севиља одлично се покажа во предсезоната.
Новиот менаџер Ерик тен Хаг верува во квалитетите на Марсијал и сака да го задржи во тимот следната сезона.