Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за францускиот репрезентативец, Орелиан Чаумени, пренесуваат англиските медиуми.




Веќе е јасно дека нов тренер на Манчестер Јунајтед ќе биде Ерик тен Хаг, кој сака на лето да направи реконструкција на тимот.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната ќе останат без Матиќ и Погба, па Тен Хаг верува дека Французинот ќе биде идеално засилување за средниот ред.




Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден во француската репрезентација.
За Чуамени силен интерес покажува Реал Мадрид, но Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.




Монако за слободата на својата ѕвезда бара 60 милиони евра, а „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат таа сума.