Манчестер Јунајтед сака да ја засили одбраната, а најголема желба е Матијас де Лихт од Баерн Минхен.
Де Лихт не е задоволен во Баерн и би можел да ја промени средината. Според информациите следна негова дестинација може да биде Премиер лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холанѓанецот го загуби првотимскиот стратус во Баерн, па и германскиот клуб е спремен да го продаде на лето.
Тен Хаг одлично го познава Де Лихт од времето поминато во Ајакс и смета дека може да биде столб на одбраната на Манчестер Јунајтед во наредните години.
Де Лихт пристигна во Баерн во 2022 година за сума од 70 милион евра и сигурно ќе ја бара истата сума за продажба.