Дома Фудбал Англија Тен Хаг ги загуби нервите и избега од пресконференцијата🎥

Тен Хаг ги загуби нервите и избега од пресконференцијата🎥

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги загуби нервите по синоќешното реми 2:2 со Борнмут и направи срамен потег.

Тој предвреме ја напушти пресконференцијата по натпреварот, одбивајќи да одговори на прашањето дали „црвените ѓаволи“ ќе го забележат својот најнизок пласман од почетокот на Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ во моментов се на седмата позиција, но ако продолжат со лошите резултати може да паднат уште подолу, што би бил најлошиот пласман на Манчестер јунајтед во Премиер лигата. 

„Не одговарам на вакви прашања. Тоа воопшто не е важно во овој момент“, рече холандскиот тренер и ја напушти пресконференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…