Дома Фудбал Италија Тежок удар за Милан: Монтоливо ја заврши сезоната!

Тежок удар за Милан: Монтоливо ја заврши сезоната!

Лоши вести за Милан и тренерот Винченцо Монтела, кој го загуби капитенот Рикардо Монтоливо најверојатно до крајот на сезоната.

Монтоливо се повреди синоќа на натпреварот против Шпанија, а денешните испитувања покажаа кинење на лигаментите на левото колено.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Капитенот на Милан ќе биде опериран во наредните денови, па потоа следува неколкумесечен период на рехабилитација, што значи дека сезоната за него е завршена.

Ова сигурно ќе биде тежок удар за „росонерите“ бидејќи Монтоливо е стандарден и е најдобриот поединец во средниот ред на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мегваер стана трагичар, па даде коментар за пеналот и дополнителни го налути навивачите

Фудбалерите на Борнмут и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2 во возбудлив натпревар од 31-то ко…