Дома Фудбал Тајмс: Гвардиола станува селектор? Добил понуда која не се одбива!?

Тајмс: Гвардиола станува селектор? Добил понуда која не се одбива!?

Големи промени се случуваат во Манчестер Сити. Англиските медиуми потврдија дека функцијата спортски директор ќе ја преземе Португалецот Уго Вијана.

Тој пристигнува од Спортинг и во 2025 година ќе го замени Каталонецот Бегиристајн, кој на споменатата позиција е од 2012 година.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сепак, се уште не е решено прашањето кој ќе биде тренер на Граѓаните следната сезона. Имено, договорот на Пеп Гвардиола (53) истекува на лето и тој се уште не го продолжил.

Вчера се појави информација дека Гвардиола бил во преговори со англиската федерација. Имено, Тајмс тврди дека на Пеп му е понудена функцијата селектор на Англија и дека тој ќе одлучи за својата иднина во наредните недели.

Англија по Европското првенство остана без селектор, а ја предводеше привремениот селектор Ли Карсли (50).

По поразот во финалето од Шпанија, селекторската функција ја напушти Герет Саутгејт (54), кој ја водеше репрезентацијата од 2016 до 2024 година.

Два пати беше поразен во финалето на ЕП. Гвардиола е на чело на Сити од 2016 година и освои се што може да се освои со клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА поради Диара ќе ги менува правилата за трансфери

Французинот Ласана Диара ја тужеше ФИФА за „ограничување на слободата на движење и реализа…