Од Барселона и понатаму се жалат на судењето на главниот судија во Хуан Мартинез Мунера во „Ел Класико“. Најмногу се зборува за пеналот кој изнуди и кој го реализираше Серхио Рамос.
Каталонскиот весник „Спорт“ денес на својата на насловна страна го стави главниот судија од мечот и во ексклузивна сторија пишува дека тој и неговото семејство биле големи поддржувачи на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, неговиот татко Хуан Рамон заедно со поранешниот прв човек на Валенсија Едуардо Заплана биле основачите на навивачката група на Реал Мадрид „Лос Амигос де Бенидром“.
Хуан Рамон исто така бил фудбалски судија, но околу него се кревало толку прашина затоа што судел во третата шпанска лига. „Спорт“ пишува дека често пати под судиската униформа Рамон носел маички со логото на Реал.
Посебно интересно е што и неговиот друг син Мигел Мартинез бил дел од „Ел Класико“, тој бил помошник. Од Барселона веќе испратиле жалба до претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија за ваквата ситуација и очекуваат реакција.