Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба не потпишал ништо со Реал Мадрид, потврди неговиот татко за „Билд“.
Денес шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид, па дури и ги минал лекарските прегледи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Алаба со Баерн истекува на крајот на сезоната, сигурно ќе си замине како слободен агент, но неговиот татко тврди дека има и други кандидати за потписот.
„Нема ништо потпишано со Реал Мадрид. Има и други клубови кои се заинтересирани за Алаба“, изјави таткото.
Според „Скај Спорт“ за потписот на австрискиот репрезентативец продолжуваат да се борат Барселона, ПСЖ, Ливерпул и клубовите од Манчестер, но сепак Реал е во пол-позиција.