Неколкумина фудбалери на Реал Мадрид ќе го пропуштат дуелот против Борусија Дортмунд во рамки на Лигата на шампионите, па Зинедин Зидан помеѓу 20те патници во Германија, мораше да вметне и некои изненадувачки имиња.
Марсело, Тео Ернандез, Ваљејо, Ковачиќ и Бензема се повредени, па на екипата на Реал за претстојниот меч во ЛШ ќе и се придружат неколкумина млади фудбалери на „Кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу останатите, меѓу патниците за Дортмунд ќе се најде и синот на тренерот Зинедин Зидан, младиот Лука, како и 21-годишниот дефанзивец Тејеро. Се очекува дека двајцата ќе бидат меѓу 18те фудбалери кои ќе имаат право на настап против Борусија Дортмунд.