Дома Останати Кошарка Татко и син за прв пат играа заедно во НБА

Татко и син за прв пат играа заедно во НБА

На отворањето на новата сезона во НБА, ЛОС АНЏЕЛЕС Лејкерс ја победи Минесота со 110:103 во натпревар кој ќе влезе во аналите на НБА.

Имено, тоа беше прв пат татко и син да играат на ист натпревар. Во тимот на Лејкерс играа Леброн Џејмс (39) и неговиот син Брони (20).

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Леброн го започна натпреварот во првиот тим и го заврши со 16 поени, две блокади, пет скока и четири асистенции.

Синот Брони доби три минути на паркетот и не постигна кош. Таткото Џејмс влезе во својата 22-ра сезона во НБА, а Лејкерси го драфтуваа неговиот син иако неговото ниво на игра е, во најмала рака, под знак прашалник.

Во претсезоната, во која играта не се игра со толку висок интензитет и се испробуваат нови играчи, Брони постигнуваше во просек само четири поени по натпревар. Имаше слаб процент на шут, само 30 отсто, а во 12 обиди постигна само една тројка. За споредба, Леброн пристигна во лигата како голема ѕвезда и веќе во првата сезона имаше 21 поен по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …