Младиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира одби да потпише нов договор со клубот, пренесуваат англиските медиуми.
Переира кој потекнува од академијата на Јунајтед нема минутажа со првиот тим оваа сезона, иако одигра одлично во претсезонските натпревари каде го покажа својот квалитет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Недостатокот од минутажа е причината поради која Бразилецот одлучил да побара нов предизвик во кариерата.
Договорот на Переира со Манчестер Јунајтед истекува за 18 месеци, но Бразилецот сака што е можно побрзо да го напушти „Олд Трафорд“ во потрага по поголема минутажа.
Поради тоа „црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани да го продадат Переира на крајот на сезоната, со оглед на фактот што фудбалерот категирично одбива да потпише нов договор
https://youtu.be/vbZV3oXRVCM