Eкипата на Интер соопшти дека полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински пристигнува во Ломбардија како слободен играч по истекот на договорот со „наполитанците“.
Зјелински целата своја професионална кариера ја изгради во Италија, каде на големата сцена се појави како фудбалер на Удинезе, за кој настапуваше две сезони, по што следуваше позајмица во Емполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По добрите игри, Наполи го донесе во 2016 година за сума од 16.000.000 евра и мина осум години на југот на Италија каде ги освои Скудетото и Купот на Италија.
Наскоро се очекува и официјалното доаѓање на Мехди Тареми во Интер од Порто, а блиску е и потписот на голманот на Џенова, Хосеп Мартинез, за кого „нероазурите“ ќе платат 13.000.000 евра.
Welcome 🇵🇱#ForzaInter #WelcomePiotr
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) July 6, 2024