Дома Македонски спорт Мак фудбал Тажна вест: Почина еден од најистакнатите функционери во македонскиот фудбал

Тажна вест: Почина еден од најистакнатите функционери во македонскиот фудбал

Maкедонскиот прволигаш Воска Спорт преку социјалните мрежи објави дека починал Енвер Сујлемани, човек кој работеше како генерален директор на клубот од Охрид и имаше долгорочни планови со Воска.

Во својата кариера Сулејмани работеше во Шкендија, Ренова и Фудбалската Федерација на Македонија каде што беше заменик генерален секретар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Воска не откри повеќе детали, но наведе дека смртта на Сујлемани е изненадна за семејството и блиските.

„Утрово добивме тажна вест, го загубивме нашиот член Енвер Сулејмани кој од октомври беше генерален директор. Оваа вест не само што го шокираше неговото семејство, не шокираше и нас како клуб бидејќи со Енвер Сулејмани имавме долгорочни планови“, стои во објавата во која Воска изрази и сочувство до неговото семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…