Реал Мадрид се простува од Фернандо Фернандез – Талијас кој денеска почина на 84-годишна возраст, а до својата смрт ја извршуваше функцијата потпретседател на клубот.
Член на Реал Мадрид, Фернандез беше повеќе од 30 години. Во таборот на „кралевите“ дојде во 1993 година и беше дел од сите Управни одбори кои ги водеше Флорентино Перез.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Потпретседател во првиот мандат беше од 2000 до 2006 година, потоа по три години без функција во 2009 одново се врати на истата позиција и ја извршуваше се до неговата смрт.
„Во неговиот мандат, клубот освои вкупно 58 пехари, од кои 6 европски титули во фудбал и три во кошарка. Тој беше пример за лојалност, посветеност на Реал Мадрид. Неговата смрт преставува голема загуба за Реал Мадрид“, објавија „кралевите“.