Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Табарес за слабиот настап на Суарез: Не е грев, сум гледал слаби натпревари на Меси и Марадона…

Табарес за слабиот настап на Суарез: Не е грев, сум гледал слаби натпревари на Меси и Марадона…

Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез во натпреварот против Египет пропушти неколку одлични прилики да постигне гол, но за негова среќа Уругвајците на крајот успеаа да стигнат до победата.

Уругвај против Египет славеше со голот во 90 минута од натпреварот на централниот дефанзивец Хозе Марија Хименез. По натпреварот селекторот на Утругвај доби прашање за слабиот настап на Суарез.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не знам што се случи, не сакам да погодувам. Гледав многу натпревари на кои Лионел Меси или Диего Марадона не се на своето ниво и тоа не е грев. Суарез не играше како што вообичаено знае, имаше три одлични шанси, голманот беше поуспешен од него. Сепак, напаѓач е и тоа се случува“, изјави Табарес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Милевски го објави списокот за Летонија и Велс – го нема само Алиоски!

А репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари овој месец, контролен меч против…