Колку и да се правда Реал дека во прашање е пријателски натпревар и дека реултатот не е важен, кралскиот клуб доживеа вистинско понижување од Атлетико.
Во натпревар со 10 голови Јорганџиите славеа со 7:3. Главен актер на натпреварот беше Диего Коста кој постигна четири погодоци, а потоа заработи и црвен картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека Реал Мадрид го очекува вакво фијаско можеше да се претпостави и на самото загревање на тимовите пред натпреварот.
Додека Атлетико се агреваше интензивно поделени во две групи со што покажаа големо заедништво, играчите на Реал беа прилично незаинтересирани.
Токму таа незаинтересираност дојде за наплата во текот на натпреварот кога избраниците на Диего Симеоне го понижија својот градски ривал.
Zagrijavanje igrača Reala i Atletica pred prijateljski duel pic.twitter.com/kHKORac2sI
— SportTime (@SportTi43915378) July 27, 2019