Дома Фудбал Останато Суперлига: Не сакаат Спортинг и Порто? Сака Бенфика!

Суперлига: Не сакаат Спортинг и Порто? Сака Бенфика!

Како што пренесуваат медиумите во Португалија, Бенфика сака да добие свое место во Суперлигата.

„Рекорд“ пренесува дека челниците на португалскиот гигант е во сериозни преговори со првиот човек на Суперлигата на Флорентино Перез.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, претседателот на Бенфика Луис Фелипе Виера сака Бенфика да биде еден од клубовите кои ќе влезат во Суперлигата.

„Преговорите се водат веќе неколку недели“, пишуваат медиумите.

Интересно е што претходно Бенфика, Порто и Спортинг заеднички одбиле да бидат дел од ваквото ново натпреварување.

Промената на планот на Бенфика донела „војна“ помеѓу португалските гиганти, па ќе видиме што ќе се случува во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аларм во Бразил: Рафиња се повреди!

Напаѓачот на Барселона се здоби со повреда што предизвика загриженост кај навивачите на бр…