Не се очекуваше Арсенал оваа сезона да се бори за титулата во Премиер лигата и навивачите пред почетокот на сезоната сигурно ќе беа задоволни ако некој им понудеше место во топ четири.
Но, „топџиите“ играат фантастична сезона и на десет кола пред крајот се лидери во Премиер лигата со осум бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, сепак имаат и натпревар повеќе од „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најновата пресметка на суперкомпјутерот Арсенал ќе ја задржи предноста и ќе ја освои титулата со пет бода предност пред Манчестер Сити.
По 100.000 симулации резултот бил дека Арсенал ќе освои 95 бода и за пет бодови ќе биде пред Манчестер Сити.
Не се очекува никаква драматична завршница, барем според ваквите пресметки. Ако Арсенал стигне до титулата, тоа за овој тим ќе биде вкупно 14-та, а прва уште од 2004 година.
Во топ четири би завршиле уште Манчестер Јунајтед со 74 бодови и Тотенхем со 69, Ливерпул како петти со 66 бодови би обезбедил место во Лига Европа, а Њукасл и Брајтон со по 65 бода на шестата и седмата позиција би ги пополниле местата кои водат во Конференциската лига.
Од лигата според оваа пресметка би испаднале Евертон, Саутемптон и Нотингем Форест.