Дома Фудбал Англија Супер компјутерот го прогнозира конечниот изглед на табелата: Сити би ги срушил сите рекорди во ПЛ!

Супер компјутерот го прогнозира конечниот изглед на табелата: Сити би ги срушил сите рекорди во ПЛ!

Англичаните сакаат да се занимаваат со прогнози, т.н „супер компјутер“ на основа на некакви свои параметри го прогнозираше изгледот на конечната табела во Премиер лигата.

Во овој момент на врвот е голема гужва, Сити и Ливерпул кои ќе се сретнат овој викенд се изедначени, Челзи е веднаш тука, не се далеку ниту клубовите од северот на Лондон, Тотенхем и Арсенал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одлично се покажуваат Вотфорд и Бурнемоут, додека на дното во зоната за испаѓање се Њукасл, Кардиф и Хадерсфилд, тоа се единствените три клуба кој до овој момент од првенството немаат победа.

Во овој момент трката за титулата изгледа изедначено, но и исто така и за испаѓање, но машината тврди дека посебно во првата ситуација нема да има премногу неизвесност.

Таа пресмета дека Ливерпул нема никакви шанси и дека Манчестер Сити ќе ги сруши сите рекорди со 108 освоени бодови. Со други зборови до крајот тоа би значело дека „граѓаните“ можат да не победат само на два натпревари кои би завршиле со нерешен резултат.

Второто место би го поделиле Челзи и Ливерпул, поточно „сините“ би биле пред Ливерпул поради подобрата гол разлика, во Лигата на шампионите би се пласирал Тотенхем.

Вотфорд би бил пред Арсенал, а во квалификациите за Лигата на Европа би играл и Лестер.

Засега лошиот Манчестер Јунајтед е сместен на катастрофалното 11-то место за овој клуб, а во Чемпионшип би се преселиле Хадерсфилд, Кардиф и Саутемптон.

Така прогнозира машината, ние не и веруваме премногу, а коментарите ги оставаме на вас…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога ќе го …