Дома Фудбал Останато Супер дерби во Лигата на Европа: Милан гостува во Манчестер

Супер дерби во Лигата на Европа: Милан гостува во Манчестер

Два европски гиганти се судираат на „Олд Трафорд“ во четврток, но не во Лигата на Шампиони каде што сме навикнати да ги следиме, туку во Лигата на Европа.

Манчестер Јунајтед е домаќин на Милан кој во Англија отпатува со низа проблеми, па затоа не треба да ве изненадува големата фаворитска улога на доаќинот во овој меч.

Јунајтед е во одлична форма


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во пресрет на првиот натпревар на „Олд Трафорд“, Јунајтед се наоѓа во одлична форма. Овој меч за нив доаѓа во вистинско време, по победата во неделата над гратскиот ривал Манчестер Сити. Победата на Јунајтед е уште поголема, ако се знае дека со таа победа се стави крај на неверојатната серија на тимот на Пеп од 21 победа по ред во сите натпреварувања. Сепак, фудбалерите на Солскер имаат 11 бода помалку од Сити на табелата.

По разчарувањето есента и испаѓањето од Лигата на Шампиони, тимот на Солскер реагираше одлично – имаа одлична серија во Премиер Лигата и со вкупни 4:0 го елиминираа одличниот Сосиедат минатото коло во Лигата на Европа. Освен тоа, Манчестер нема пораз на 11 дуели во низа.

Солскер нема да може да смета на Погба, Мата и Да Геа, а можно е на овој меч да не играат Ван де Бек, Рашфорд и Кавани.

Милан и Пиоли со големи проблеми

Милан се препороди при крајот на минатата сезона, а и оваа сезона игра неверојатен фудбал. Сепак, тимот на Пиоли влезе во лоша форма во последно време и на последните 11 средби има само четири победи, три ремија и четири порази. Тоа е причината што веќе заостануваат со шест бода во однос на лидерот во Серија А – Интер.

Оваа форма делумно се припишува на долгиот список на повреди, кој го откри нивниот релативен недостаток на длабочина на составот.

Еден од неколкуте клучни фудбалери кои беа недостапни за Стефано Пиоли во последните неколку недели е Златан Ибрахимовиќ. Тој нема да игра и во Манчестер, а во нападот кај Милан нема да бидат ниту Манџукиќ и Ребиќ. Ако на овие се додадат Чалханоглу и Бенасер тогаш јасни се големите проблеми на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…