Англискиот фудбалер го обележа натпреварот против Вотфорд.
Манчестер Сити ја продолжува трката со Ливерпул за титулата шампион на Англија и најмали грешки во последните кола можат да бидат пресудни и да го одлучат новиот шампион на Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една таква грешка видовме во последното коло на „Етихад“ каде што гостуваше Вотфорд, но тоа не беше грешка на некој играч туку на главниот судија на натпреварот Пол Тирни.
Судијата Тирни донесе контроверзна одлука кога при резултат 0:0 го призна голот на Стерлинг за водство на „граѓаните“ на почетокот на второто полувреме, иако помошникот судија сигнализираше офсајд.
Премиерлигашите се уште не користат ВАР технологија па не можеше да дојде до проверка на неговото убедување. После прегледувањето на снимките после завршувањето на натпреварот, Тирни признал дека погрешил и дека Стерлинг се наоѓал во недозволена позиција.
Ваквата информација ја пренесе „Сан“. Меѓутоа сега нема шанса за поправен и грешката која ја направи му наштети на Ливерпул, а дали ќе биде одлучувачка останува да видиме во последните осум кола кои следат.
Инаку, во последно време судиите во Англија баш и не се прославуваат. Пред овој викенд бевме сведоци на неколку навистина смешни судиски одлуки во дерби натпребарот помеѓу Арсенал и Тотенхем.
Ова е само уште еден доказ дека ВАР е една од подобрите работи кои му се случиле на фудбалот, кога истиот се користи правилно.
Sterling somehow stole a goal yet was offside so was disallowed! Drew this game 0-0? @MattHDGamer pic.twitter.com/Rv8c8iRUkv
— Liam Seaward (@liamseaward88) March 11, 2019