Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, а според Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на терените немало премногу судиски грешки.

Aрбитрите не досудиле пенал за актуелниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот против Македонија Ѓорче Петров, но тоа не влијаеше на конечниот исход бидејќи Струга го доби натпреварот со 0:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на домашната екипа неспретно реагира, ја удри топката со рака која притоа му беше широко одвоена од телото и во неприродна положба и со тоа ја спречи акцијата. Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа поради недозволена игра со рака (широко одвоена од тело и зголемен волумен на раката) на играч на домашната екипа“, стои во анализата на Судиската комисија.

На останатите натпревари немало посериозни грешки.

Кога е ВМФЛ во прашање таму оштетени биле две екипи. На Караорман му бил поништен гол поради непостоечки офсајд против Победа, а на ист начин оштетен бил и Вардар Неготино против Башкими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…