Дома Фудбал Италија Судиите ја оштетија, па и се извинија на Рома (видео)

Судиите ја оштетија, па и се извинија на Рома (видео)

Рома синоќа ремизираше на „Олимпико“ со Борусија Мехенгладбах (1:1) во рамките на третото коло од Лига Еврпа.

„Волчицата“ имаше водство од 32-та минута со голот на Заниоло, а потоа во судиското продолжение гостите добија „поклон“ пенал од судијата и израмнија на 1:1.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во шеснаесетникот на Рома, во 94-та минута топката го удри во глава Крис Смолинг, а шкотскиот судија досуди пенал за гостите.

После мечот беа разочарани Италијанците, а својата грешка многу брзо ја видоа и судиите, па главниот судија Вили Колам се извинил за грешката.

„Разговаравме со судиите после натпреварот и тие признаа дека одлуката да се досуди пенал беше погрешна. Тоа го почитуваме и им се заблагодаруваме на искреноста. Сега се фокусираме на наредниот меч“, соопштија од Рома после мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…