Дома Фудбал Суарез: Што и да направам не е доволно, Барса сака да ме продаде!

Суарез: Што и да направам не е доволно, Барса сака да ме продаде!

Барселона најави дека во јануари најверојатно ќе донесе неколку нови фудбалери, а тоа ќе значи дека сигурно ќе има такви кои ќе го напуштат „Камп Ноу“.

Каталонскиот клуб минатото лето се обиде да се ослободни од неколку фудбалери, но не успеа. Првенствено како „вишок“ беа прогласени Арда Туран и Томас Вермален, но на крајот и двајцата одлучија да останат на „Камп Ноу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, незадоволството на поединци е се поголеми, а во таа група сега се приклучи и Денис Суарез, кој во Барса беше вратен пред две години како замена за Чави.

Овој играч за врска очекуваше дека нешто може да се промени со доаѓањето на Ернесто Валверде, но и понатаму има многу мала минутажа.

„Чувствувам дека се што и да направам на теренот дека не е доволно и дека цело време сум на трансфер листа. Не сакам да ја напуштам Барселона и тоа го говарам неколку месеци. Имам желба да направам нешто во овој клуб и затоа ги одбив сите можни понуди. Но, ситуацијата и однесувањето на клубот према мене мора да се промени“, изјави Денис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…