Уругваецот Луис Суарез после две сезони си заминува од Атлетико Мадрид, а во последното гостување во емисијата на „Кадена СЕР“ зборуваше за разочарувањето кое го доживеал во клубот од Мадрид.




Суарез со одличните настапи брзо стана миленик на навивачите, меѓутоа сега ќе бара нов клуб.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Сакав да играм во Атлетико барем уште една сезона. Одлуката не ми беше соопштена ниту од Симеоне или некој од раководството, ме извести портпаролот. Немам донесено одлука каде ќиграм. Имам понуди од Аргентина, Бразил и Мексико, но сакам да останам во Европа и понатаму да играм на највисоко ниво“, изјави Суарез.