Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез од челниците на клубот побарал нов договор, пренесува добро информираниот „Мундо Депортиво“.
Суарез пристигна на „Камп Ноу“ во јуни 2014 година и се испостави како одличен потег на раководството на каталонскиот клуб. Уругваецот со своите голови ги воодушеви фановите, а со Лео Меси формираше „убиствен“ тандем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последно време се погласни се шпекулациите дека Барселона бара напаѓач кој ќе биде замена за Суарез, со оглед на фактот што Уругваецот веќе има 32 години.
Очигледно тоа не му се допаѓа на Суарез кој реши да разговара со клупските челници и да постави свои услови.
Имено, „Мундо Депортиво“ пренесува дека Саурез побарал од Барселона нов договор, кој ќе му гарантира дека ќе остане во клубот и после 2021 година, кога му истекува актуелниот договор.
32-годишниот Суарез очигледно е решен да се бори за местото во тимот на Барселона дури и после две сезони, бидејќи сака кареиерата да ја заврши на „Камп Ноу“.
Уругваецот е свесен дека сега е вистинско време за последниот договор во неговата кариера, па поради тоа бара нов договор од Барселона, во спротивно ќе ја разгледува опцијата да ја промени средината.
Останува да видиме како ќе одговори каталонскиот клуб на ваквото барање на Суарез.