Дома Топ вести Суарез знае кого Барса треба да доведе: Тоа им го зборувам две години!

Суарез знае кого Барса треба да доведе: Тоа им го зборувам две години!

Барселона на крајот на оваа сезона сигурно ќе направи промени во играчкиот кадар, особено промени ќе претрпи нападот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Луис Суарез е на залаезот на својата кариера, па Каталонците се во потрага по напаѓач кој ќе може да го замени Уругваецот.

Клубот следи повеќе напаѓачи, а на врвот на листата желби е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.

Суарез говореше за таа ситуација и призна дека веќе две години му укажува на раководството да го донесат Аргентинецот на Камп Ноу.

„Лаутаро е многу талентиран. Игра одлично веќе две сезони во Серија А, но ние играчите не донесуваме одлуки за трансфери. Веќе две години зборувам дека треба да се доведе млад напаѓач кој ќе се прилагоди на стилот на игра и ќе биде мој наследник“, искрен беше Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…