Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Суарез за играта со рака против Гана во 2010 година: Па, не ви го промашив јас пеналот

Суарез за играта со рака против Гана во 2010 година: Па, не ви го промашив јас пеналот

Ѕвездата на Уругвај, Луис Суарез не се кае за потегот кој го направи против Гана на Мундијалот во 2010 година.

Тогаш Суарез играше со рака на гол линијата и спречи сигурен гол. Тој доби црвен картон, а Асамоа Гиан го промаши пеналот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа му овозможи на Суарез да биде херој бидејќи Уругвај одеше понатаму, но стана омразен фудбалер на Гана.

Утре Уругвај повторно игра против Гана во одлучувачки натпревар за пласман во следната фаза.

„Нема потреба да се извинувам. Би се извинил ако повредам некој фудбалер. Во таа ситуација ја удрив топката со рака, добив црвен картон, а Гана доби пенал. Тие го промашија пеналот, а тоа не беше по моја вина. Па, не го промашив јас тој пенал. Немам одговорност за тоа“, изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…