Уругваецот Луис Суарез жестоко го критикуваше селекторот на Уругвај, Марсело Биелса и откри дека тој е главната причина што повеќе не е дел од репрезентацијата.
Суарез репрезентацијата на Уругвај ја напушти пред помалку од еден месец, а сега одлучи јавно да зборува што се случувало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според зборовите на Суарез, Биелса немал воопшто добар однос со фудбалерите.
„Многу ситуации со него навистина ме погодуваат, сепак не сакав јавно да зборувам за да го зачувам мирот. Имаше состаноци на кои ние фудбалерите баравме барем да не поздравува, но не го правеше ниту тоа. На прес-конферциите кажува убави зборови, но кога бевме во Њујорк ни забрани дури и да ги поздравувавме фановите. На таа одлука се спротиставив и му кажав дека ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави Суарез.
Со Биелса разговарал и пред да се повлече.
„Имавме разговор од околу пет минути во кој јас ги претставува играчите. На крајот од разговорот тој само ми кажа: Ти благодарам. Барам од луѓето да не го вперуваат прстот кон фудбалерите ако работите не одат како што треба. Тој направи и поделба во репрезентацијата“, додаде Суарез.