Македонскиот шампион Струга доживеа пораз од 2-1 од Слован Братислава и со вкупни 6-3 е елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега Струга ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига, каде ќе игра против ерменскиот тим Пјуник.
По само девет минути игра Вајс даде гол за водство на Слован од 1-0. Во 34-та минута Кире Ристевски си постигна автогол за предност на словачкиот тим и од 2-0.
Во завршницата, Басиру Компаоре постигна почесен гол за Струга ТЛ во 85.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Слован Братислава по центаршутот на Масааки Такахара.
Goal: Bassirou Compaoré | Struga 1-2 Slovan Bratislavapic.twitter.com/fJbUv5QpA1
— PushGoals (@PushGoals) July 17, 2024