Фудбалерите на Реал Мадрид вчера доживеаа нова вистинска бламажа на гостувањето во Барселона, бидејќи беа поразени со 5:1.
„Кралскиот клуб“ се наоѓа во очајна форма и во претходните пет натпревари доживеаа дури пет порази. Јасно е дека Флорентино Перез итно мора нешто да промени, а сите се сигурни дека Лопетеги по поразот од лутиот ривал сигурно ќе добие отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Угледната „Марка“ денеска пишува дека отказот за Лопетеги веќе е подготвен и дека денеска би можело тоа да биде официјализирано. Но, она што во Реал го чекаат е договорот со новиот тренер и според сите најави тоа ќе биде италијанскиот стратег, Антонио Конте. Истиот извор вели дека играчите на Реал ќе имаат многу забрани за храна доколку Конте го превземе кормилото на екипата.
Конте водејќи го Јувенту и Челзи покажа дека има неколку ригорозни правила за своите играчи што се однесува на исхраната. Така, строго им забрани да јадат пица, леб и Нутела. Покрај тоа не смеат по оброкот да јадат сладолед и бара од играчите да јадат помали порции, но повеќе пати дневно.
Покрај тоа строго е забрането да јадат кечап и мајонез и наместо јајца им препорачува пилешка салата. На овие правила многу играчи на Челзи се спротиставија, но кажаа дека едноставно мора да ги почитуваат правилата на тренерот.