Селекцијата на Србија вечерва загуби од репрезентацијата на Швајцарија со резултат 1:2.
Очекувано, стрелецот на голот Александар Митровиќ беше разочаран после натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам што се случи. Многу глупо, евтино, разочарани. Немам зборови. Место да го браниме резултатот, ние…Не знам…Не може да играте како мува без глава.
Многу евтино примивме гол, глупаво, глупаво, глупаво“, изјави Митровиќ.
Сега Србија за 1/8 финале ќе мора да го победи Бразил.
„Нема да се откажеме, ќе дадеме се од себе. Ќе играме на победа. Секој може да игра против секого, добро ќе се спремиме за тој натпревар“, изјави напаѓачот на српската репрезентација.