Дома Фудбал Останато Страшна сцена вo Aргентина: Фудбалер се сруши на теренот, натпреварот беше прекинат

Страшна сцена вo Aргентина: Фудбалер се сруши на теренот, натпреварот беше прекинат

Страшна сцена е видена во текот на ноќта на натпреварот помеѓу Естудијантес и Бока Јуниорс кога фудбалерот на домаќините Хавиер Алтамирано колабираше на теренот.

Имено, се играше 26. минута кога Алтамирано се сруши на тревникот. Алтамирано колабирал и паднал во прегратките на фудбалерот Енцо Перез, кој веднаш се обиде да му помогне.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Медицинските лица на теренот веднаш реагирале и тој бил пренесен во болница.

Натпреварот се прекина и на крајот беше донесена одлука да не продолжи поради стресот кои го доживеаа сите на теренот. За среќа нешто подоцна пристигнаа информации дека Алтамирано е свесен и во добра состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …