Дома Фудбал Останато Страшна вест: Поранашен фудбалер на Сампдорија има тумор на мозокот

Страшна вест: Поранашен фудбалер на Сампдорија има тумор на мозокот

Eкс-фудбалерот на Сампдорија, Џуниор Таварес боледува од тумор на мозокот, објави сегашниот клуб на Бразилецот, Понте Прета.

Таварес е фудбалер кој игра на позицијата лев бек и во средниот ред, а во второлигашот на Бразил настапува од јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„По дијагнозата, Понте Прета ја следи состојбата на фудбалерот и му ја пружа целосната поддршка“, објави бразилскиот клуб.

Медиумите во Бразил пренесуваат дека Таварез од средата е во болница во Бразил, а престанал со тренинзите уште од 27. јуни кога се жалел на силни главоболки.

Во минатото Таварес настапуваше за Гремио, Сао Паоло, Сампдорија, Портимонензе, Спорт Ресифе и Наутико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Да не беше фудбалер Лука Модриќ ќе беше… интересно

Средниот фудбалер на Милан Лука Модриќ откри со што би се занимавал ако не беше фудбалер и…