Еден од играчите кои беа откритие во Лигата на Шампионите оваа сезона, стоперот на Севиља, Клеман Ленгле најверојатно ќе го облече дресот на Барса.
Каталонците се воодушевени од игрите на 22-годишниот стопер на Севиља, кој особено одлично одигра во двомечот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите и не им е проблем да му ја платат откупната клаузула, која изнесува 45 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека Ленгле со една нога е веќе во Барселона, потврди и тренерот на Севиља, Монтела.
„Тој е шампион, има силен карактер и во иднина дефинитивно може да игра за Барселона“, изјави Монтела.
Ленгле во одбраната на Барса би можел да го замени Самуел Умтити, кој е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.