Дома Македонски спорт Столе добил црвен картон затоа што му кажал на судијата дека е макро?!

Столе добил црвен картон затоа што му кажал на судијата дека е макро?!

Македонскиот голман Столе Димитриевски вчера заработи црвен картон во натпреварот кој неговиот Рајо Ваљекано го загуби од Легањес со 0:1.

Димитриевски прво доби жолт картон, а потоа црвен во 63. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како причина за црвениот картон е што наводно Димитриевски на судијата Пријето Иглесијас му кажал дека е МАКРО?! Според шпанските медиуми тоа стоело во записникот на судијата.

Изјава за црвениот карто на Димитриевски даде и тренерот на Рајо, Андони Ираола.

„Ќе видиме што пишува во записниците. Ако постоела навреда во ред, ако бил само мал протест тогаш нашиот голман е неоправдано исклучен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…