Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов низ шега го најави спектаклот: Само да не се повреди…

Стоилов низ шега го најави спектаклот: Само да не се повреди…

Македонската ракометна федерација денес на прес-конференција го најави ракометниот спектакл на 3-ти јануари.

Натпреварот на 3-јануари ќе биде испраќање на големите ракометни имиња, на денешната прес-конференција зборуваше и Стојанче Стоилов кој низ шега порача само да не се повреди некој.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Сакам да дадам поддршка на овој настан, мислам дека е нешто одлично за да се оддаде почит на една генерација што твореше на терените со години, воедно и да се даде почит на оваа нова генерација која сега тргнува со свој нов почеток.

Ова ќе биде склоп на забава, хуманост и спорт, само се надевам дека ќе нема повреди, не кај актуелните, туку кај тие што не мрднале со години“

Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 250 и 300 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…