Катарскиот тим Ал-Рајан објави дека ги запира преговорите со Марио Манџукиќ.
Со недели се пишуваше за трансферот на Манџукиќ во Катар, се споменуваа клубовите Ал-Рајан и Ал-Гарафа. Првиот на својот официјален сајт потврди дека преговори постоеле, но дека сега се завршени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ал-Рајан ги прекинува преговорите со хрватскиот играч Марио Манџукиќ кој беше кандидат да се приклучи на тимот во летниот преоден рок“, објавија во официјалното соопштение од овој клуб.
Ова значи дека хрватскиот напаѓач ќе остане во Јувентус барем до јануари, иако оваа сезона воопшто не игра. Манџукиќ падна во немилост на тренерот Маурицио Сари. Кај Сари Манџукиќ доби прилика во некои натпревари во предсезоната, но кога сезоната стартуваше предност доби Игуаин.
Засега е сигурно дека Манџукиќ нема да се пресели во Катар, во игра останува МЛС, а тука е и Манчестер Јунајтед кој наводно е спремен повторно да ги активира преговорите во зимскиот преоден рок.