Германскиот репрезентативец Тимо Вернер одби да го продолжи договорот со Лајпциг, кој му истекува во 2020 година.
Тоа значи дека раководството на клубот ќе мора да го продаде напаѓачот во јануари или по завршување на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интерес за Вернер покажуваше Борусија Дортмунд, но денес стана јасно дека напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.
Првиот оперативец на Дортмунд, Јоаким Вацке денес потврди дека Вернер на лето ќе се пресели на „Алијанц Арена“.
„Знам барем осум играчи кои би ни одговарале во овој момент. Но, во овој момент имам впечаток дека Вернер веќе одлучи за својата иднина и таа нема да биде кај нас“, изјави Вацке.
Значи после Бенџамин Павар кој денес беше потврден како прво лето засилување, Баерн на лето ќе добие и ново засилување во нападот.