Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах игра одлично по пристигнувањето на „Енфилд“, а поради таквите настапи го привлече и вниманието на Реал Мадрид.
Таа информација ја откри селекторот на Египет, Ектор Купер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добив потврда дека Реал е заинтересиран за Салах. Но, според мене Салах игра во вистинскиот клуб“, изјави Купер при гостувањето во „Оn Sports TV“.
Салах минатото лето пристигна во Ливерпул за сума од 37 милиони фунти. На 21 натпревари за „црвените“ постигна 17 погодоци и запиша четири асистенции, а со 12 погодоци е најдобар стрелец во Премиер лигата.
Договорот на Салах со Ливерпул има важност до 2022 година.